Слободна дејност во културниот и креативниот сектор се однесува на работа и професионални активности кои се изведуваат од индивидуални креатори или мали културни предприемачи, кои работат независно или во мали тимови, во области како што се литературата, уметноста, музиката, филмот, дизајнот, модата, графичкиот дизајн, игрите, културниот туризам и други слични дисциплини.

Овде можете да најдете неколку информации за практицирање во културниот и креативниот сектор.

Централен регистар на Република Северна Македонија

https://www.crm.com.mk

Како уметник кој творештвото го остварува професионално, како единствено занимање можете да се регистрирате за вршење уметничка дејност, согласно со Законот за култура и прописите за трговските друштва, со што стекнувате статус на самостоен уметник и права од работен однос.

Овде можете да најдете услуги кои можете да ги добиете преку националниот портал за електронски услуги:

Потврда дека не е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност – физичко лице –  https://uslugi.gov.mk/service/potvrda-deka-ne-e-izrechena-prekrshochna-sankci%D1%98a-zabrana-za-vrshenje-na-profesi%D1%98a-de%D1%98nost-ili-dolzhno-5084

Министерство за култура на Република Северна Македонија

https://kultura.gov.mk/

Министерството за култура на Република Северна Македонија е институција одговорна за развој на целокупната култура на национално ниво, тоа нуди различни услуги но на националниот портал на електронски услуги ги наоѓаме следните:

Решение за почеток со работа на библиотека – https://uslugi.gov.mk/service/reshenie-za-pochetok-so-rabota-na-biblioteka-4469

Управа за јавни приходи

http://www.ujp.gov.mk/

Доходот на граѓаните се оданочува со данокот на личен доход кој се плаќа годишно на збирот на доходот од сите извори, остварен во земјата и во странство како: доход од работа; доход од самостојна дејност; доход од авторски и сродни права; доход од продажба на сопствени земјоделски производи; доход од права од индустриска сопственост; доход од закуп и подзакуп; доход од капитал; капитални добивки; добивки од игри на среќа; доход од осигурување и друг доход.

Обврзник на данокот на доход е секое физичко лице резидент на Република Северна Македонија за доходот што го остварува во земјата и во странство.

Доходот од самостојна дејност е поделен на повеќе доходи каде еден меѓу останатите е и доход од професионални и други интелектуални услуги – доходот од здравствена, стоматолошка, ветеринана, адвокатска, нотарска, консултантска, ревизорска, проценителска, инженерска, архитектонска, новинарска, спортска, културна и друга интелектуална дејност, http://www.ujp.gov.mk/mk/vodic/category/151

Пресметката и плаќањето на данокот на доход од самостојна дејност се врши по стапка од 10%.